Републиканскиот претседателски кандидат Доналд Трамп одржа митинг во саботата во одморалиштето Вилдвуд на брегот на Њу Џерси, каде го обвини претседателот Џо Бајден за кривичните пријави со кои се соочува пред претседателските избори, велејќи дека постапката против него во Њујорк е „ Бајденов судски процес“.
На митинг пред неколку десетици илјади луѓе, Трамп го окарактеризира Бајден како „тотален морон“, а правните постапки против него како политички мотивирани и темпирани да ја нарушат неговата способност да води кампања, пренесува АП.
This is NEW JERSEY. A Deep Blue state. FIVE HOURS before a #TrumpRally. WOW. 👀pic.twitter.com/c4BxgoRmSk
— Kyle Becker (@kylenabecker) May 11, 2024
– Тој е будала. Тој не е паметен човек. Сега зборувам за него поинаку, затоа што ракавиците се симнати – изјави Трамп за Бајден. Според проценката на тимот на Трамп, поранешниот претседател привлече „огромна толпа“ на саботниот вечерен митинг во Вилдвуд, околу 240 километри јужно од Њујорк.
Лиза Фаган, портпаролка на градот Вилдвуд, изјави за АП дека проценува дека на митингот присуствувале меѓу 80.000 и 100.000 луѓе. На Трамп на сцената му се придружија гувернерот на Северна Дакота Даг Бургум и легендарниот НФЛ играч Лоренс Тејлор, регистриран сексуален престапник. Митингот доаѓа во клучен момент за Трамп, кој се соочува со десетици обвиненија за кривично дело, четири одделни тужби на помалку од шест месеци пред изборите, наведува американската агенција.