Тројца мажи се обвинети за соработка со надворешната разузнавачка служба на Хонг Конг по серијата апсења низ Англија, соопшти во понеделникот британската полиција.
На почетокот на месецот, според лондонската полиција, биле приведени 11 лица, од кои речиси сите биле уапсени во Јоркшир, во северна Англија.
Тројцата уапсени подоцна денеска ќе се појават пред судот во Вестминстер. Седум мажи и една жена се ослободени од притвор бидејќи против нив не е покренато обвинение, додаваат од полицијата.
Доминик Марфи, шеф на антитерористичката команда на лондонската полиција рече дека јавноста нема причина за загриженост бидејќи не гледа поширока закана за заедницата.
Тројцата беа обвинети според Законот за национална безбедност на Велика Британија. Тој беше донесен минатата година и содржи нови мерки против странските закани.
Полицијата вели дека обвиненијата не се поврзани со посебна истрага во која е вклучена Русија, која се води според истиот закон.