Линкедин е најновата компанија која влезе во бизнисот со игри. Сега корисниците на популарната платформа можат да играат три различни игри.
Pinpoint, Queens и Crossclimb се достапни за корисниците наЛинкедин на десктоп и мобилната апликација.
Секоја од игрите ќе може да се игра еднаш дневно, а по сесијата, на играчот ќе му бидат достапни статистиките како рекорди, различни табли на водачи и кој друг ја играл играта од мрежата на корисникот.
Новите игри се достапни во делот LinkedIn News и My Network на десктоп и картичката My Network на мобилните уреди.
Одлуката на Линкедин да влезе во екосистемот на игри не е изненадување, имајќи предвид дека на тоа се одлучија и некои други компании. Ова е начин да се привлечат нови корисници и да им се овозможи на старите да бидат поактивни на интернет.
Линкеедин засега сè уште не наплаќа за својата гејмерска содржина и засега служи само за подолго задржување на корисниците на платформата.