Претставникот на Холандија се огласи првпат откако беше исфрлен од Евровизија

Јост Клајн, холандскиот претставник на Евровизија, првпат проговори откако беше исфрлен од Евросонг. Тој на социјалните мрежи објави симболична порака.

Имено, тој објави дел од песната „Кој ги пушти кучињата надвор“ (Who Let the Dogs Out?“) со видео од кучиња како танцуваат. Ова може да се протолкува како еден вид порака до ЕБУ која донесе одлука да го исфрли.

На социјалните мрежи првично беше објавено дека Јост бил исфрлен поради удирање на член на израелската делегација. Тој претходно на прес-конференција ја покри главата со знаме додека говореше претставничката на Израел, Еден Голан.

Треба да знаете
Последни објави