Бајден ја честиташе 76-годишнината од независноста на Израел и порача дека„ќе го поддржува Израел доживотно“

Американскиот претседател Џо Бајден денес во писмо му ја честиташе на претседателот на Израел Исак Херцог 76-годишнината од независноста на земјата и посака „година што доаѓа да биде помирна“.

Во писмото, Бајден истакна дека САД се „горди на нашите трајни односи со Израел“, во услови на затегнати врски во последните недели по заканата на американскиот претседател дека ќе ја запре испораката на оружје доколку израелската војска продолжи со копнената офанзива во Рафа.

„Минатата година беше длабоко болна, бидејќи Израел го претрпе најлошиот напад во својата историја на 7 октомври 2023 година. Но, народот на Израел покажа огромна сила и издржливост“, нагласи Бајден.

Тој истакна дека „ќе го поддржува Израел доживотно“, и дека посветеноста на Вашингтон за безбедноста на Израел е „железна“.

Со нетрпение очекувам нашите нации да продолжат да работат заедно за да создадат посветла иднина за сите наши луѓе“. Се надевам дека следната година ќе донесе повеќе мир и радост отколку страдање“, изјави американскиот лидер.

Треба да знаете
Последни објави