Полската тенисерка Ига Швионтек се пласираше во полуфиналето на ВТА турнирот во Рим, откако денеска во четвртфиналето ја совлада Американката Медисон Кис со 6:1, 6:3.
Натпреварот траеше 76 минути. Ова беше петти дуел на полската и американската тенисерка, а четврти триумф за Швионтек.
Полската тенисерка во полуфиналето на турнирот во Рим ќе игра со победничката од мечот меѓу Американката Коко Гоф и Кинезот Чинвен Женг.
Преостанатите две четвртфиналиња ќе се играат утре, а ќе се сретнат Викторија Азаренка (Белорусија) – Даниела Колинс (САД) и Арина Сабаленка (Белорусија) – Јелена Остапенко (Латвија).
ВТА турнирот во Рим се игра за награден фонд од 4.791.105 евра.