Откако Државната изборна комисија (ДИК) доцна синоќа донесе одлука за прегласување во неколку избирачки места почна да тече 24 часовниот рок за жалби до Управниот суд. Управниот пак има рок од 48 часа да одлучи по жалбите на партиите. ДИК го поништи гласањето на едно избирачкото место 1272 во општина Охрид, на избирачките места 1194 и 1202 во Крушево и едно во Желино. Евентуалното прегласување би се случило на 22 мај. Постојат повеќе опции со овие прегласувања кој би можел да добие или да изгуби пратеничко место во Собранието, бидејќи разликата меѓу учесниците во парламентарните избори е тесна. Најмногу може да изгуби ДУИ, дури две места, а да добие СДСМ, Вреди, па дури и ВМРО-ДПМНЕ.