Директорот на Токсикологија е разрешен поради несовесно работење, велат од МЗ

Доктор Данил Петровски е разрешен од позицијата медицински директор на Клиниката за токсикологија поради несовесно работење во целиот овој изминат период, информира Министерството за здравство.

„Иако имал согласности за продолжување на договорите за работа на 18 лица, тој не постапил. Ангажираните оделе на работа без договор и без плата за нивниот труд. 18 семејства ги остави без плата! Во неговиот мандат, Клиниката беше поплавена и неосигурана, а ангажираните секојдневно трпеа закани и омаловажувања на национална основа“, се наведува во соопштението.

Министерството истакнува дека сега веќе поранениот медицински директор Петровски не бил разрешен пред изборите за да не се поттикне нетрпение по национална основа.

Министерството за здравство во прилог на соопштението објави и изјава од вработени со договор на дело на Клиниката за токсикологија.

Петровски денеска за МИА изјави дека не е изненаден за разрешувањето, бидејќи министерот за здравство Илир Демири веќе го најави неговото разрешување. За разрешувањето од функцијата, Петровски дознал денеска од вработени на Клиниката.

Треба да знаете
Последни објави