Не запира барнувањето кое го предизвика новоизбраната претседателка Гордан Сиљановска- Давкова со неупоитребата на уставното име на земјава за време на инаугурацијата во Собранието. Министерот за правда во техничката влада Кренар Лога во интервју за Слободен печат вели: -Која е логиката да давате една заклетва во усна форма, а друга во писмена? Ова е невиден парадокс. Како може претседател на држава да дава заклетва различна од тоа што ќе го потпишува? Ова значи дека сите тие работи што ќе ги кажувате усно, утре нема да ги почитувате бидејќи ќе потпишувате друго. Можеме да покренеме постапка пред Уставен суд заради тоа што ако имаме ваков преседан, може и во иднина ќе има поединци кои ќе сакаат да се докажуваат дека се големи патриоти од било која заедница, додава Лога.