Под влијание на умерен топол бран од Африка, од петок, а особено за време на викендот кој доаѓа температурите во Македонија позначително ќе се покачат, па така тие на повеќе места ќе надминуваат 25 степени, додека во најтоплите централни и југоисточни предели тие ќе се искачат и до 30 степени, локално и до 32, 33 степени.
Сепак, краткотрајно стабилизирање на времето ќе имаме само во петок и во сабота, веќе од недела попладне ни следува нов период на многу нестабилно време со чести врнежи и грмежи. Поради загреаната Атмосфера која ќе биде исполнета со енергија поради најавениот топол бран, на повеќе места ќе се создадат услови за посилно невреме со силен ветер, обилен пороен дожд, силни и чести електрични празнења и покрупен град.
Во Скопје за време на викендот исто така температурата позначително ќе се покачи и ќе се искачи до околу 30 степени. Но и во Скопскиот регион стабилно ќе биде само во петок и во сабота, додека од недела попладне повторно ќе биде многу нестабилно со чести врнежи и грмежи, во делови од котлината во форма на невреме со силен ветер, електрични празнења пообилен пороен дожд и со услови за појава на град.