На 13.05.2024 околу 18.00 часот во СВР Тетово, од Ургентен центар при Клиничка болница Тетово било пријавено дека кај нив бил донесен починат Е.Ш.(18) од Тетово.
Според пријавеното, неговите мајка и сестра го пронашле без знаци на живот во бањата во семејниот дом.
Смрт без траги на насилство констатирал лекар, а увид извршиле јавен обвинител и екипа од СВР Тетово, по наредба на јавен обвинител, телото на починатиот било дадено на семејството.