Најмалку 50 луѓе загинаа, а 27 се водат како исчезнати по ерупцијата на вулкан на островот Суматра во Индонезија, соопштија локалните власти.
37 лица се повредени од ерупцијата на вулканот во саботата, а повеќе од 3.300 луѓе се евакуирани.
Силен дожд падна во областите на западниот дел на островот Суматра во саботата, предизвикувајќи поплави и лдење на лавата од вулканот Марапи, најактивниот на островот.
Потрагата по исчезнатите лица е во тек, а властите стравуваат дека бројот на жртвите може да биде уште поголем.