Трофејниот португалски тренер Жозе Мурињо летово треба да го преземе кормилото на истанбулскиот гигант Фенербахче, објавија турските медиуми.
Мурињо беше отпуштен од Рома на почетокот на оваа година по серијата слаби резултати и оттогаш е надвор од терените.
Треба да се спомене дека наскоро ќе се одржат изборите за нов претседател на Фенербахче. Главен фаворит за оваа позиција е Азиз Јилдирим, а прв избор за нов тренер му е Мурињо.
Според медиумите во Турција, Јилдирим веќе стапил во контакт со Мурињо и му понудил одредени услови. Наводно, Португалецот е презадоволен од понуденото и се очекува наскоро да биде потпишана соработката.