Црна Гора бара „вајлд карта“ за настап на СП 2025

Ракометната федерација на Црна Гора испрати писмо до Светската ракометна федерација (ИХФ) со барање за добивање на „вајлд карта“ за учество на Светското првенство (СП) што во јануари следната година ќе се одржи во Данска, Норвешка и Хрватска. Црногорците не успеаја да се квалификуваат на СП-2025 преку баражот, по сензационалната елимнинација од Италија. – Главниот аргумент во прилог на ова барање е тоа дека сме најдобро пласираната репрезентација од последното големо натпреварување, на Европското првенство 2024, од сите репрезентации кои не успеаја да се пласираат на претстојното СП, се наведува, меѓу другото, во писмото што Црна Гора го испратила до ИХФ.

Треба да знаете
Последни објави