Закани кон претседателката на Уставен суд Добрила Кацарска

Претседателката на Уставен суд Добрила Кацарска пријавила во полиција дека добила закани по својот живот откако пред нејзината подземна гаража од зграда во Центар пронашла импровизиран кревет и нож. Настанот го потврдуваат и од МВР. -На 14.05.2024 во СВР Скопје од страна на Д.К. било пријавено дека на подрачјето на Центар во подземни гаражи, во нејзино гаражно место, биле пронајдени импровизиран кревет и кујнски нож кој бил забоден на прекинувачот за светло, информираат од МВР. Од МВР потврдуваат дека известен е јавен обвинител, предметите се подигнати за вештачење и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Треба да знаете
Последни објави