Познат моден бренд оди во стечај, илјадници луѓе останаа без работа

Познатиот моден бренд Есприт денеска треба да поднесе барање за стечај пред окружниот суд во Дизелдорф, пишува германски Билд.

Погодени се и шест фирми-ќерки и 1.500 вработени.

„Целта е да се реструктуира европскиот бизнис на Есприт, кој главно се управува од Германија, и да се репозиционира за во иднина“, велат од компанијата.

Наводно веќе се направени консултации со потенцијален инвеститор, пренесува Билд.

Тие пишуваат дека стечајот не е изненадување. Компанијата со седиште во Ратинген кај Дизелдорф со години е во криза.

Пред четири години, Еприт помина низ процес на реструктуирање, кога една третина од работната сила беше отпуштена и 100 филијали беа затворени. Ниту мерките за штедење, ниту затворањето на филијалите не помогнаа.

Треба да знаете
Последни објави