Битиќи: Не одам никаде, цврсто стојам на патот на социјалдемократијата

Доскорешниот потпретседател на СДСМ и иден пратеник Фатмир Битиќи на социјалните мрежи ги демантира тврдењата на одредени медиуми дека наводно ќе преминел во коалицијата ВРЕДИ.

„Ги повикувам медиумите како и политичките субјекти да не шпекулираат и да не објавуваат вести од типот на “неофицијално дознава…“.Моето членство во СДСМ и улогата на потпретседател се вкоренети во вредностите кои ги споделувам со огромен дел од моите сопартијци. Како пратеник достојно ќе ги претставувам сите кои гласаа за нашата коалиција, а останувам и сојузник на сите кои се за искрени внатре-партиски реформи. Заедно со моите сопартијци ќе ги донесеме тие промени. Тука сум, не одам никаде, цврсто стојам на патот на социјалдемократијата“ пишува Битиќи.

Треба да знаете
Последни објави