Фицо погоден со три куршуми, во него пукал 71-годишен маж

Словачкиот премиер Роберт Фицо беше застрелан по состанокот на владата во Хандлова, околу 150 километри североисточно од Братислава. Атентатот се случил кога Фицо отишол меѓу насобраниот народ.

Според информациите, премиерот на Словачка бил застрелан со неколку куршуми. Тој итно бил пренесен во болница со хеликоптер и, според словачките медиуми, неговата состојба е многу сериозна. Според извештаите, тој бил свесен кога бил префрлен во болница со повреди на стомакот, рацете и нозете.

Словачката влада објави дека животот на Фицо е во опасност.

Напаѓачот е уапсен на лице место, а медиумите објавија дека напаѓачот е 71-годишен маж, припадник на екстремната левица.

Треба да знаете
Последни објави