Еурофарм Пелистер многу потешко од очекувањата го словлада Тиквеш (33:29) во првиот полуфинален натпревар од ракометниот Куп на Македонија. За битолчани ова е четврто финале по ред во Купот. До пласман во финалето и битка за трофејот вечерва во СЦ „Борис Трајковски“ во Скопје ги предводеше ефикасниот Радивојевиќ кој мечот го заврши со 10 погодоци. Кузмановски даде пет, по четири гола постигнаа Тајник и Пешевски. За Тиквеш, Симиќ и Мијатовиќ дадоа по пет гола. Второто полуфинале во „Борис Трајковски“ Вардар и Алкалоид ќе го одиграат утре со почеток во 19:30 часот.
![](https://arhiva.24info.mk/wp-content/uploads/2024/05/Screen-Shot-2024-05-16-at-21.00.40-696x323-1.png)