Ван Перси го презеде Херенвен

Легендарниот холандски фудбалер Робин ван Перси е назначен за нов тренер на Херенвен.

На таа позиција го наследи Кес ван Вондерен.

Ван Перси потпиша договор до јуни 2026 година. Ова е негова прва самостојна работа во тренерската кариера. Претходно работеше во помладите категории на Феенорд.

Некогаш врвен фудбалер, за Холандија постигна 50 гола на 102 натпревари.

Беше член на Феенорд, Арсенал, Манчестер Јунајтед и Фенербахче.

-Професијата тренер е сеопфатна и предизвикувачка, а со неа се занимавам со голема страст и задоволство. Би сакал да продолжам да се развивам и улогата на главен тренер совршено се вклопува во таа цел. Затоа, среќен сум поради шансата што ја нуди Херенвен, кој е многу убав клуб со богата традиција и верни навивачи. Фантастичен предизвик е да се придонесе за спортските амбиции и развој на клубот – изјави Ван Перси по промоцијата.

Треба да знаете
Последни објави