Денес (петок) краткотрајна стабилизација на времето, но и поголем пораст на температурите

Денес кај нас во Македонија очекуваме краткотрајна стабилизација на времето, иако ќе се задржи променливо облачно со сончеви периоди. 

Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен и од југоисточен правец. Сепак и покрај ова, во попладневните часови не се исклучува можноста за изолирана нестабилност, проследена со краткотраен пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за појава на град.

Денес преку ден температурите ќе се искачуваат во интервалот од 21 до 28 степени. Од утре веќе, и тоа кон крајот на денот и во текот на ноќта кон недела, влегуваме во нов период на многу нестабилно време со честа појава на пороен дожд, грмежи, силен ветер и невреме.

Треба да знаете
Последни објави