Илон Маск пристигна на Бали за планираното лансирање на Старлинк

Американскиот милијардер Илон Маск денеска пристигна на индонезискиот остров Бали за планираното лансирање на Интернет услугата Старлинк на СпејсX за индонезиската влада, која се надева дека ќе ја зголеми пенетрацијата на Интернет и здравствените услуги во оддалечените делови на огромниот архипелаг.

Маск беше пречекан од индонезискиот министер за инвестиции Лухут Бинсар Панџаитан и најави дека ќе разговараат за соработка, вклучително и лансирање на Старлинк.

Панџаитан истакна дека еднаквиот пристап до Интернет низ Индонезија, островска држава во Југоисточна Азија со повеќе од 270 милиони луѓе кои живеат во три временски зони, ќе им овозможи на луѓето во оддалечените области да уживаат во истата удобност на Интернет со голема брзина како и оние во урбаните области.

Старлинк доби лиценца за работа во Индонезија како давател на интернет услуги, потврди Панџаитан. Маск попладнево ќе присуствува на промоцијата на Старлин со индонезискиот претседател Јоко Видодо. Индонезија е третата земја во Југоисточна Азија каде што ќе работи Старлин, по Филипините и Малезија.

Треба да знаете
Последни објави