Уругвајскиот стручњак Паоло Монтеро ќе биде тренер на Јувентус до крајот на сезоната.
Клубот од Торино пред два дена го отпушти Масимилијано Алегри поради неговото однесување за време и по финалето на Купот на Италија.
Јувентус во понеделник гостува на Болоња, а потоа на 26 мај на домашен терен ја пречекува Монца во последното коло од италијанскиот шампионат.
– Паоло е легенда на Јувентус, пред се на теренот, а на клупата некој кој долго време ја носи ДНК на клубот – се наведува во соопштението за медиумите на Јувентус.
Монтеро (52) играше за Јувентус од 1996 до 2005 година. За торинскиот клуб одигра 278 натпревари во сите натпреварувања и постигна шест гола.
Со Јувентус освои 10 трофеи, вклучувајќи четири титули во Серија А.