На терените на ТК Југ во Градски парк во Скопје утре стартува новото издание на Macedonian Open 2024. Според програмата ќе се играат 12 меча од првата рунда од квалификациите, каде и четири македонски тенисери ќе имаат свој настап.
Димитар Грабул во првото коло од квалификациите за ривал го доби хравтскиот тенисер Лука Микрут (502.место АТП), кој е рангиран како 8 носител во квалификациите. Шендрит Деари за ривал го има Лука Павловиќ од Франција (515.место АТП – 9.носител во квалификации).
Берг Бугариќ за противник го има 401-иот тенисер на АТП листата и 5.ти носител во квалификациите Жером Ким од Швајцарија, додека Амар Хусеиновиќ ќе игра против Константин Битон Козмин од Франција (484.место АТП – 6.носител во квалификации).
Инаку во „главниот ждреб“ прв носител е Чун-Хсин Ценг од Тајпех, кој е рангиран на 248.то место на АТП листата, а втор носител е Ерги Киркин од Турција (251.место АТП).