Во претпоследното коло од шпанската Ла Лига, спектакуларен натпревар одиграа Виљареал и Реал Мадрид. На крајот немаше победник (4:4) и покрај тоа што на полувреме Реал имаше предност 1:4.
Натпреварот го одбележа норвешкиот напаѓач Александар Сорлот кој постигна четири гола, но навивачите на жолтата подморница немаат премногу причини за задоволство, бидејќи останаа без шанси да изборат место во европските купови.
Првото полувреме го одбележа доминацијата на гостите, Арда Гулер го доведе кралскиот клуб во водство во 14. минута, а Хоселу во 30. минута го зголеми водството. Девет минути подоцна Сорлот ја намали негативата, но до крајот на првото полувреме Лукас Васкез и Гулер со вториот гол му донесоа предност на Реал од 4:1.
Во вториот дел шоуо на Сорлот. Норвежанецот погоди во 48., 52. и 56. минута и го изедначи резултатот. Норвежанецот дојде до 26 гол сезонава, односно 23. до во Примера, два повеќе од Артем Добик од Џирона.
Сорлот сега е најсериозниот кандидат за трофејот Пичичи, кој го добива најдобриот стрелец во лигата.