Потпретседателот на Европската комисија, Маргаритис Схинас за грчките медиуми ги коментирал последиците од евентуално непочитување на Договорот од Преспа. Схинас при посетата на Саемот на книгата во Солун потсети на острите тонови кои дојдоа од Европската Унија и предупреди колку е важно земјава како кандидат за членство во ЕУ да не ги бранува соседите. Toj говорел за „однесувањето на новото политичко раководство во Скопје“ и порачал дека е потребна итна „европеизација на Балканот, а не балканизација на Европа“. Според Според Схинас „првите изјави на новото политичко раководство на Република Северна Македонија создадоа политички и правен случај“. Ниту една европска земја не би поддржала асоцијација во Европската унија на земја која всушност отстапува од меѓународните обврски и создава тензии со соседните земји кои се веќе членки на ЕУ. „Република Северна Македонија е името прифатено за употреба, како во земјата, така и за меѓународните односи“, рекол Схинас. Во принцип, тој целосно го поддржал ставот на грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис дека „европскиот пат на Скопје оди преку целосно почитување на Договорот од Преспа“, нагласуваат политичките аналитичари во Атина.