Денеска во основно училиште во централна Кина 45-годишна жена уби две лица со нож, а рани уште четворица, јави државната телевизија ЦЦТВ, повикувајќи се на информации од локалната полиција. Нападот се случил околу пладне во градот Гуикси, во провинцијата Џиангси.
И покрај интервенцијата на итната помош, две лица починаа, а четири се повредени, но нивните животи не се во животна опасност. Шест од нив поминале со „ситни гребаници“. ЦЦТВ не ја објави возраста на жртвите. Полицијата ја уапсила 45-годишната осомничена и против неа отворила истрага, јавува истиот извор.
Во Кина, земја која им забрани на своите граѓани да поседуваат огнено оружје, масовните злосторства се ретки, но во последните години имаше голем број напади со нож. На почетокот на мај две лица загинаа, а 21 беа повредени во напад со нож во болница во провинцијата Јунан на југозападот на земјата.
Во август 2023 година, во истата провинција, две лица беа убиени, а седум беа ранети во напад со нож извршен од човек претходно познат како лице со ментално растројство.