На „Водовод“ за неплатени сметки му исклучија струја, па делови од Скопје останаа без вода

Делови од Скопје, особено повисоките места од градот немаат вода, бидејќи на градското претпријатие „Водовод и канализација“ му е исклучена струјата. Поради исклучената струја на неколку локации не работат пумпите кои треба водата да ја однесат до повисоките точки, објави „СДК.МК“.

Исто така без струја од утрово е и зградата на ЈП „Водовод и канализација“.

„Немаме вода веќе неколку часа. Немаше никаква најава дека ќе има некаков зафат, па се јавивме на дежурниот телефон во ‘Водовод‘. Ни рекоа дека нема никаков дефект туку дека им е исклучена струјата“, вели жителка на населбата Нерези. 

Треба да знаете
Последни објави