Бислимовски најави продолжување на периодот за користење евтина струја за уште еден час

Намалувањето на увозот на струја поради производството на фотонапонски централи може наскоро да ги намали нејзините цени за домаќинствата, најави Марко Бислимовски, претседател на Регулаторната комисија за енергетика. Тој открива дека во моментов се работи на анализа за зголемување на временскиот термин за користење на електрична енергија во евтина тарифа за домаќинствата за уште еден час. Анализата треба да покаже дали постои можност евтината тарифа на струјата да се продолжи за еден час, односно до 16 часот. -Ја прошируваме бесплатната тарифа за да ја искористиме евтината цена на струјата во овие периоди. Исто така, со тој сигнал што го испраќаме до ЕСM и ЕВН Дом, да купуваат струја во тие периоди, особено ЕВН Дом, ќе понудиме пониска цена на струјата што е многу можно да ни овозможи да ја намалиме цената на енергијата струја за домаќинствата , изјави Бислимовски за „Радио Слободна Европа“. Моментално евтината тарифа на струјата е од 13 до 15 часот. Регулаторната комисија ќе ја одобри новата цена на струјата на крајот на јуни и тогаш ќе се знае дали и колку ќе се намали цената на струјата.

Треба да знаете
Последни објави