Двајца навивачи се тешко повредени, а уште десет се полесно повредени при синоќешната тепачка меѓу симпатизерите на Олимпијакос и Панатинаикос во Берлин на завршниот турнир од кошаркарската Евролига.
Баскетњуз го пренесува пишувањето на германските и грчките медиуми кои наведуваат дека во текот на ноќта на неколку локации во Берлин се судриле навивачи на двата грчки клуба. Локалната полиција известува дека во тепачката учествувале околу 70 навивачи, а некои користеле бејзбол палки и шипки.
Tο video του SPORT24 από το σημείο της άγριας συμπλοκής μεταξύ οπαδών του Ολυμπιακού και του Παναθηναϊκού. pic.twitter.com/UQmZta0wN6
— SPORT24 (@sport24) May 25, 2024
Германските медиуми јавуваат дека локалната полиција морала да ја повика на помош противпожарната бригада.
Грчките медиуми јавуваат дека во текот на денот во Берлин ќе пристигнат околу 5.000 навивачи на Панатинаикос.
Кошаркарите на Олимпијакос денеска од 17 часот ќе играат против Фенербахче во мечот за третото место во Ф4 Евролигата, додека финалето меѓу Реал и Панатинаикос е закажано за три часа подоцна.