Најмалку 20 лица загинаа во пожар што избувна во забавен парк во Рајкот, западна Индија, соопшти локалната полиција.
Полицискиот комесар Раџу Бхаргава изјави дека пожарот е под контрола и во тек е спасувачка операција, додавајќи дека се уште не е позната причината за пожарот.
– Моите мисли се со сите оние кои ги загубија своите најблиски – напиша премиерот на Индија Нарендра Моди во објава на социјалните мрежи, пренесува РСЕ.
Пожарите се вообичаени во Индија, каде што често се прекршуваат безбедносните правила при изградба на згради.