Дали некогаш сте се запрашале што се случува во организмот после испена една шолја кафе? Омилениот пијалок прави промени во првите 10 минути, а експертите истакнуваат дека тие траат дури четири часа подоцна. Кафето почнува да делува по првата голтка, но зависи и од тоа колку брзо кофеинот се апсорбира во крвотокот во делови од дигестивниот систем, објаснува д-р Дуан Мелор од Британската диететска асоцијација. Првите 10 минути
„По пиењето кафе, кофеинот ќе почне да се појавува во крвта по десетина минути. Некои луѓе апсорбираат помали количини на кофеин преку устата и желудникот, но најголем дел од апсорпцијата се случува во првиот дел од цревата“, објаснува докторот. додавајќи дека тогаш чувствувате зголемување на енергијата што не прави повнимателни. После 20 минути
„Кофеинот, кој ги блокира рецепторите на аденозин во телото, не само што промовира будност. Исто така, се смета дека предизвикува зголемување на крвниот притисок во рок од половина час по пиењето кафе, а ефектите се забележуваат околу четири часа подоцна“, вели д-р Мелор и додава дека четири шолји кафе на ден може долгорочно да го зголемат крвниот притисок. После 45 минути
Ефектот на кофеинот го достигнува својот врв по 45 минути. Лекарите истакнуваат дека тогаш се подобрила концентрацијата и меморијата. После 60 минути
“Кога кофеинот ќе се појави во крвта, ќе го почувствувате диуретичното дејство на кафето. Тоа значи дека кафето може да предизвика потреба од одење во тоалет. Кога пиете кафе, кофеинот во пијалокот го запира производството на антидиуретичен хормон или ADH, кој вообичаено помага да се регулира количината на вода во вашето тело. По 90 минути и повеќе
Ако имате чувство дека кафето „те изневерило“, односно се чувствувате уморно и имате послаба концентрација, тоа не значи дека кофеинот го напуштил вашето тело. „За повеќето луѓе, количината на кофеин се намалува за околу половина по шест часа, бидејќи се метаболизира во црниот дроб. вели докторот, додавајќи дека кофеинот може да остане во телото до 12 часа.