НАТО го зголемува степенот на ескалација и оди предалеку во воената реторика, изјави Дмитриј Песков, портпаролот на рускиот претседател во интервју за телевизијата РЕН-ТВ. Портпаролот на Кремљ го коментираше предлогот на генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, повторно да се разгледа прашањето дали Украина може да изврши напади со западно оружје против воени објекти лоцирани на меѓународно призната руска територија, пренесе ТАСС. -НАТО го зголемува степенот на ескалација. Оди предалеку со воената реторика. Запаѓа во еден вид воена екстаза. Ова е реалноста со која ќе мораме да се соочиме понатаму, рече Песков. Во исто време, тој нагласи дека повиците на Столтенберг за испорака на повеќе оружје и муниција за Украина и укинување на ограничувањата за нивна употреба не можат да бидат негово лично мислење, бидејќи тој е е функционер на позицијата генерален секретар на Алијансата.