Една од најчестите грешки што се прави кога се перат алишта е тоа што се користи поголема доза омекнувач која може да ги оштети алиштата, а и машината за перење. Кога ставате омекнувач при перењето не гледајте на мерките означени на капачето, бидејќи и најмалото мерење е премногу. Наместо капачето како дозер користете лажица. Додадете една голема лажица омекнувач на 3,5 килограми алишта. Обична машина за перење има капацитет од седум килограми, па затоа треба да налеете две големи лажици омекнувач. Омекнувач со мирис може да ја иритираат чувствителната кожа, па затоа во тој случај треба да се корсити безмирисен. Омекнувачите за алишта со мирис може да содржат повеќе од три илјади состојки, вклучително и фталати, за кои е познато дека се штетни за здравјето на луѓето, особено за репродуктивното здравје на мажите.