Фицо продолжува со домашна рехабилитација

Словачкиот премиер Роберт Фицо од болницата во Банска Бистрица денеска е префрлен дома во Братислава. Неговата состојба е стабилизирана и почнал со рехабилитација, јави поралот Правда. Порталот наведува дека Фицо ќе закрепнува дома и оти тоа било негова желба. На 15 мај 71-годишниот писател Јурај Цинтула го застрела Фицо, a полицијата веднаш го приведе. Словачкиот премиер во тешка состојба беше пренесен во болницата во Банска Бистрица каде му беше извршена операција.

Треба да знаете
Последни објави