Владата во Словенија му предложи на Собранието да ја признае Палестина како независна држава

Владата на Словенија на денешната седница донесе одлука да му предложи на парламентот признавање на Палестина како суверена и независна држава. За ова пратениците ќе одлучуваат на вонредна седница закажана за во вторник. -Оваа порака за признавање не е насочена против никого, дури ни против Израел, туку е порака за мир. Денеска Владата донесе одлука да ја признае државата Палестина како независна и суверена држава. Оваа одлука носи една порака, порака до двете страни дека сакаме итен прекин на конфликтот и ослободување на заложниците, рече премиерот Роберт Голоб. Досега Палестина е призната од 145 земји-членки на ОН, но повеќето од западните земји не се меѓу нив. Во последниот месец Палестина ја признаа седум земји.

Треба да знаете
Последни објави