Двајца израелски војници загинаа откако автомобил удри во нив на Западниот Брег

Израелската армија денеска соопшти дека, во близина на градот Наблус на Западниот Брег, двајца војници загинале кога на нив налетал автомобил и ги удрил.

Во соопштението на армијата се додава дека нападот се случил синоќа и дека напаѓачот избегал. Радиото на израелската армија подоцна објави дека напаѓачот им се предал на палестинските безбедносни сили.

Треба да знаете
Последни објави