Исландскиот вулкан исфрла лава и чад втор ден по ред

Исландскиот вулкан на полуостровот Рејкјанес исфрла лава и чад втор ден по ред, а се очекува ветровите да го однесат загадувањето подалеку од главниот град на Исланд, Рејкјавик, соопштија властите.

Вулканската активност се намали доцна во средата, но остана стабилна во текот на ноќта, соопшти Агенцијата за цивилна заштита.

Агенцијата соопшти и дека нема повредени, а се наведува дека не е забележано зголемено загадување во воздухот кај Рејкјавик поради вулканската ерупција.

За рибарскиот град Гриндавик, каде што само неколку луѓе се вратија откако неколку куќи беа уништени кога течеше лава претходно оваа година, повторно е наредена евакуација, како и за блиската туристичка атракција Плава лагуна.

Исландските метеоролози рекоа дека ерупцијата во средата, петта од декември, била најмоќната откако вулканскиот систем на полуостровот Рејкјанес стана активен пред три години.

Во средата, лавата течеше низ главниот пат што води до Гриндавик и стигна до насипите изградени околу градот.

Треба да знаете
Последни објави