Пензиите за корисниците во Халкбанка ќе бидат на располагање утре

Халкбанк АД Скопје, ги известува своите ценети клиенти пензионери дека исплатата на мајските пензии на платежните сметки ќе се изврши утре 31.05.2024, петок, и средствата ќе бидат на располагање во сите филијали на Халкбанк АД Скопје, преку банкоматите и ПОС терминалите кај трговците, преку употребата на електронско и мобилно банкарство.

Исплатата може да се изврши и на шалтерите во поштенските единици на АД „Пошта на Северна Македонија“ само за клиентите кои  имаат дадено согласност за исплата преку пошта.

За клиентите кои се корисници на услугата “Пензија до дома”, доставата на пензиите ќе се изврши во понеделник (трети јуни).

Треба да знаете
Последни објави