ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ПОРАДИ ЗГОЛЕМЕН РИЗИК ОД ПОЈАВА НА ПОСИЛНО НЕВРЕМЕ ВО МАКЕДОНИЈА: Заедно со топлиот бран од Африка, можна е појава и на крупен град

За време на овој период во најтоплите централни и југоисточни предели можно е локално температурите да надминат  и 35 степени.

Од друга страна пак, ќе бидеме под влијание на циклонска активност од запад и северозапад на европа и токму ова ќе одржува нестабилна атмосфера кај нас, па така во попладневните часови ќе има локална појава на пороен дожд, грмежи, засилен ветер и локална појава на посилно невреме кое може да направи нови штети, особено поради појава на силен ветер и крупен град. Не се исклучува можноста и за локални поројни поплавувања.

И во Скопскиот регион постои можност за нестабилност во попладневните часови и за локално невреме во следниот период, односно за време на овој топол бран за време на викендот и во текот на следната недела.

Апелираме на крајна внимателност во случај на појава на невреме и на силни електрични празнења, односно да не се претстојува на отворен простор  и под осамени дрвја.

Невреме ќе го зафати и регионот и ќе услови обилни врнежи и локални поплави во следните денови. Поради присуство на ладен воздух во центарот на овој циклон и на висина, во Алпскиот регион ќе има  и врнежи од снег на самиот почеток од јуни.

Треба да знаете
Последни објави