(ВИДЕО) Про палестински демонстранти се обидоа да ја запалат израелската амбасада во Мексико Сити

Пропалестинските демонстранти го запалија ѕидот на израелската амбасада во Мексико Сити по судирите со полицијата.

Околу 200 луѓе се собраа во вторникот пред комплексот во населбата Ломас де Чапултепек на демонстрациите „Итна акција за Рафа“. Во израелски воздушен напад во неделата загинаа најмалку 45 Палестинци во Рафа.

Демонстрантите облечени со шалови на лицата фрлаа камења и молотови коктели кон полицијата.

Видеата објавени на социјалните мрежи покажауваат дека полицијата се бори да го изгасне запалениот ѕид на комплексот, додека демонстрантите се обидуваа да ја запалат амбасадата и се судрија со безбедносните сили.

Мексико поднесе декларација за интервенција до Меѓународниот суд на правдата како поддршка на тужбата на Јужна Африка во која се обвинува Израел за геноцид врз Палестинците во Газа.

Треба да знаете
Последни објави