Во автобуска несреќа во Индија загинаа најмалку 21 аџии, а десетици се повредени

Најмалку 21 лице загина, а десетици се повредени кога автобус со аџии падна во длабока клисура на северната индиска федерална територија Џаму и Кашмир, соопштија денеска локалните власти.

Портпаролот на локалната полиција изјави дека аџиите биле на пат од градот Курукшетра во северната држава Харајана кон хиндуистичкиот храм во градот Џаму кога возилото паднало во клисурата.

Тој нагласи дека акцијата за спасување е во тек, а околу 40 повредени се хоспитализирани

Треба да знаете
Последни објави