Сабаленка и Рибакина лесно се пласира во 3. коло на Ролан Гарос

Арина Сабаленка без проблеми се пласираше во 3. коло на Ролан Гарос.

Белорусинката славеше против Јапонеката Мојуки Учијама со 6:2, 6:2.

Вториот играч на ВТА листата направи два брејка во двата сета, а мечот траеше еден час и четири минути.

Следна противничка ќе и биде Пола Бадоса, која беше подобра од Јулија Путинцева – 4:6, 6:1, 7:5.

И четвртата тенисерка во светот Елена Рибакина отиде понатаму.

Казахстанката со 6:3, 6:4 ја елиминира Аранча Рус од Холандија.

Во следното коло ќе игра против победничката од натпреварот Петра Мартиќ (Хрватска) и Елизе Мертенс (Белгија).

Треба да знаете
Последни објави