Конзервативниот политичар и антиисламски активист Михаел Стурценбергер бил избоден денеска за време на јавен митинг во Манхајм, по што полицијата пукала и го ранила напаѓачот.
Полицијата соопшти дека сè уште не може да објави детали за степенот на повредите со кои се здобиле луѓето собрани на централниот плоштад Марктплац во градот.
Снимката, која се појави на социјалните мрежи и е обележана од антиисламската група Отворени очи на Штурценбергер, покажува како полицаец пука во напаѓачот од земја додека истовремено се бори да совлада друг маж.
Се гледа и дека во близина кружи спасувачки хеликоптер, како и дека во тој дел од градот е суспендиран јавниот превоз.
Ich will solche Menschen nicht in unserem Land haben. Punkt. #Mannheim pic.twitter.com/eVEFyW4KAl
— Schrödinger (@OF_Schroedinger) May 31, 2024
Покрај тоа, на видеото се гледа како маж со брада напаѓа луѓе на плоштадот, од кои едниот добил длабока расекотина на ногата.
Штурценбергер се опишува себеси како новинар кој го критикува исламот и бил член на неколку екстремно десничарски антиисламски организации, вклучително и движењето ПЕГИДА, кое редовно одржува маршеви во градовите, особено во источна Германија.
Полицијата соопшти дека нема непосредна опасност за јавноста.