Полицијата поднесе кривична пријава против родители од Штип кои ги оставиле своите малолетни деца заклучени во автомобил, на паркинг. Според информациите од МВР, родителите се на возраст од 42 и 27 години. Децата подолг период останале заклучени на паркингот, додека тие биле во казино. Кривичната пријава се однесува на делото запуштање и малтретирање на дете.
![](https://arhiva.24info.mk/wp-content/uploads/2024/05/IMG_8613.jpeg)