НУМ „Струшки вечери на поезијата“ го објави конкурсот за доделување на наградата „Браќа Миладиновци“ за најдобра поетска книга меѓу две фестивалски изданија, објавена на македонски јазик во периодот од 1 Јуни 2023 година до 31 Мај 2024 година.
Наградата „Браќа Миладиновци“ се доделува за поетска книга напишана и објавена на македонски јазик (во книжен или електронски облик). На конкурсот може да биде пријавена и книга објавена двојазично, во која што поетското творештво е оригинално создадено на македонски јазик, односно не е превод од друг јазик.
На конкурсот пријави можат да поднесат авторите или нивните издавачи со согласност од авторот.
Конкурсот ќе трае од денот на објавувањето до 25 Јуни 2024 година.