МВР денеска соопшти дека еден затвореник е повреден во физичка пресметка помеѓу две групи на затвореници.
-На 01.06.2024 во 18.47 часот СВР Скопје, од Казнено-поправната установа Затвор Идризово било пријавено дека во затворениот дел на установата бил нарушен јавниот ред и мир со меѓусебна физичка пресметка помеѓу две групи на затвореници, во која осуденикот Х.Ф.(29) од с.Студеничани, скопско, се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Градската општа болница „8 Септември“ во Скопје, се посочува во соопштението од МВР.