Се урна зграда во Истанбул, се трага по луѓе заробени под урнатините

Неколку луѓе се затрупани под урнатините откако утрово се урна зграда во истанбулскиот кварт Кучукчекмеџе.

На терен се пожарникарите, полицијата и здравствени работници, а засега не се познати причините за уривањето на објектот, пренесува „Хабертурк“.

Во тек е потрага по луѓе затрупани под урнатините на трикатната зграда.

Според порталот Ахабер, од урнатините досега е извлечено едно повредено лице.

Треба да знаете
Последни објави