На 01.06.2024 во 21.00 часот во СВР Куманово било пријавено дека на крстосница од ул.„Тоде Мендол“, ул.„Есперанто“ и локален пат за с.Романовце, кумановско, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „бмв“, управувано од А.Д.(24) од Куманово и мотоцикл „јамаха“, управуван од С.О.(21) од Куманово, двете со кумановски регистарски ознаки.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот на мотоцикл, констатирани во Општата болница Куманово.