Мајскиот договор никогаш не бил дел од Уставот, ниту од Рамковниот договор, рече претседателот на Собранието, Африм Гаши во интервју за Радио Слободна Европа.
Според него, ова владеачко мнозинство е легитимно.
„Можеби Ахмети заборавил, тоа било „Мајскиот договор“ кој го потпишал со Никола Груевски и кој самиот го прекрши, но таквиот договор никогаш не беше дел од уставот и не стана и не може да има таков договор во Уставот, затоа што се коси со секое демократско право. Владата се прави со 61 пратеници, со мнозинство, а од друга страна албанската коалиција, ВЛЕН доби 107.000 гласови со што потполно го носи легитимитетот на Албанците во ова Собрание, вели Гаши.